Меѓу унапредените во МНР предизвикувач на инцидентот во Торонто (ВИДЕО)

Нејасната и тајна систематизација во министерството за надворешни работи донесла повисоки функции за низа дипломати блиски на актуелната гарнитура кои биле дел од контраверзни настани.



Една од унапредените е дипломатката која предизвика скандал на прославата на 8-ми септември 2017 година во Торонто.

На видеото објавено тогаш од активисти на македонската заедница во Канада се гледа како вицеконзулката на Македонија во Торонто Александра Стојкова во моменти кога говорникот започнува да говори за Гоце Делчев и искушенијата со кои се соочува со Македонија во контекст на името излегува на говорницата и му става листови хартија пред уста.

Иако дел од коментарите на социјалните мрежи велат тогаш тврдеа дека Стојкова која тогаш била вицеконзулката, се обидела да му стави хартијата во уста на виден член на македонската дијаспора, видеото не го покажува тоа.

Стојкова сега е дел од унапредените од страна на министерот Димитров и шефот на неговиот кабинет Паскал Стојчевски кои во времето на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016 имаа високи позиции во тогашната власт.

Наспроти Стојкова уназадени се низа дипломати професионалци кои со успех вршеле важни дипломатски функции.

Линк до видеото од инцидентот од 2017