Премиерот Заев и министерот за здравство Филипче во викендите со своите скапи мотори ја крстарат Македонија со образложение дека така ги полнеле испразнетите батерии.
Денеска пред и по полнењето батерии двајцата функционери даваа крв во чест на празникот на трудот.
“По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче даруваме крв и сме првите дарители во реновираниот оддел за трансфузиологија при Општата Болница во Струмица”, објави премиерот на социјалните мрежи.
Денот на крводарителите во Македонија се одбележува на 17 март на денот кога е формиран Македонскиот Црвен крст а во светот денот на крводарителите е 14 јуни.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче даруваме крв и сме првите дарители во реновираниот оддел за трансфузиологија при Општата Болница во Струмица. 🩸❤️ pic.twitter.com/K5XNfQHydo
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) May 1, 2021





