Извори на грчката влада за весникот „Нафтемборики“ изјавија дека имало вкупно 36.649 обиди за влез во Грција помеѓу утрото на 29 февруари, кога Турција ги отвори границите, и 5 март.



Притоа, приведени биле 252 лица.

Но, она што изненадува е дека само 4% од нив се Сиријци.

Дури 64% се од Авганистан, 19% од Пакистан, 5% од Турција, 2,6% од Сомалија. 5,4% се нелегални мигранти од Ирак, Иран, Мароко, Етиопија, Бангладеш и Египет.

Во Турција има околу 4 милиони бегалци од војната во Сирија.