Меѓу избеганите тепачи од МНАВ е и еден од најблиските луѓе на Артан Груби

Ако некој се чудеше зошто судиите Пајазити Пајазити и Сандра Крстиќ не дадоа притвор на ниту еден од напаѓачите на МНАВ од кои четворица се во бегство тогаш треба да знае дека меѓу нив има луѓе од најголема доверба на вицепремиерот Артан Груби.



Омер Буњаку, водач на навивачите на фудбалскиот клуб „Шкупи“ и близок човек на првиот вицепремиер Артан Груби, бил меѓу тепачите кои со помош на Беким Незири упаднале во контролата на летови во четвртокот и тепале вработени, објави ТВ Алфа.

Според информации на телевизијата, Буњаку е меѓу оние кои МВР не успеало да ги уапси, односно бил дел од групата која е во бегство.

Меѓу нив е и Ерсел Сали, исто така близок човек на ДУИ, кој засега е недостапен за органите на редот.

Според обвинителството, со нивните постапки овие лица ја загрозиле безбедноста на авиособраќајот, но засега не е одреден притвор за никој од нив.

На фотографијата Буњаку е крајно десно