Институтот за здравствени мерења и проценки при Универзитетот „Вашингтон“ од Сиетл, врз основа на бројките до 11 јули, на Македонија ѝ предвиде меѓу 752 и 1.805 смртни случаи од Ковид-19 до 1 ноември.



Првата бројка е најоптимистичкото сценарио, според кое, ако 95 проценти од граѓаните се придржуваат до мерките за заштита, дневно ќе има во просек по тројца починати.

Втората бројка е најлошото сценарио, според кое при максимално олабавување на мерките, без враќање на ограничувањата, просечно ќе има по 32 жртви на ден.

За Србија проценката е од 4.177 до 21.511 починати од коронавирус до 1 ноември, за Босна и Херцеговина од 518 до 3.317, а за Албанија од 162 до 777.

Заклучно со 17 јули, во Македонија имаше 406 смртни случаи од Ковид-19, во Србија 452, во БиХ 245, во Албанија 107 итн.