Мегават час струја во Европа чини 600 евра, од Нова година и 1.000…

На европските берзи од вчера струјата се продава за 600 евра за мегават-час,а прогнозите се дека веќе во јануари на берзите цената на струјата ќе биде и до 1.000 евра.



По проблемите со работата на нуклеарните централи во Франција цената за еден мегават час таму веќе достигнува и до 1.000 евра, јави МКД.МК.

Актуелните поскапувања на струјата во Европа се последица на екстремно високата цена на гасот и лошата хидролошка состојба на целиот континент.

Во Македонија веќе е најавено дека од јануари цената на струјата уште еднаш ќе поскапи. Поскапувањето на електричната енергија е неминовно, но ќе биде благо, уверуваат властите.