Мегафоните на СДСМ лажат дека измените на Кривичниот законик се со амин на САД, тврди политички аналитичар

Мегафоните на СДСМ лажат дека измените на Кривичниот законик се со амин на САД, тврди политичкиот аналитичар Кирил Ефремовски кој добро ги познава состојбите во дипломатските кругови во земјава.



Ефремовски пишува дека спинерите на власта се обидуваат да прикажат дека намалувањето на казните за злосторничко здружување и злоупотреба на државни позиции се одобрени од американската амбасада но тоа не е точно.

,,Од утрово мегафоните, претежно од СДСМ спинуват дека за измените на КЗ од владата се координирале со амбасадата на САД, а намалувањето на казните за организиран криминал и злоупотреба на службена должност на официјални лица е со амин на САД. Лага е! Нека прашаат новинарите за став” пишува Ефремовски кој е сигурен дека американската амбасада не дала позитивен став за обидот на власта да ги смени законите за да добие помали казни кога ќе падне од власт.

Фото: Амбасада на САД, Скопје