„Во интервју за Еуроњуз Албанија лидерот на Демократското движење Изет Меџити упати критики до раководителите на Владата. Тој ги заснова своите обвинувања врз забелешките на меѓународната заедница до власта дека го злоупотребува европското знаме за прикривање на корупцијата. Меџити рече дека ДУИ, иако секојдневно зборува за европските вредности, го прави спротивното од тоа за што зборува. Меѓу другото, тој нагласи дека поранешниот режим на Груевски нема да биде искоренет се додека е на власт тројката Ахмети-Османи-Груби.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Илирија-ИНА пишува: „Овде се наоѓа суштинскиот проблем: претходниот режим на Груевски ја злоупотреби националистичката карта и постојано правеше корупција од огромни размери, оштетувајќи ги буџетот и граѓаните на Македонија со стотици милиони евра. Оваа Влада, во која е ДУИ, ги злоупотребува европското знаме, евроинтеграциите, постојано зборува за европски вредности и интеграции, или уставни измени, Но, секој ден постапуваат неевропски, преземаат активности, кои немаат врска со европските вредности.Така беше променет и Кривичниот закон, па европскиот комесар кажа дека ова било направено без нивна согласност и со злоупотреба на европското знаме. Така секој ден вршат и притисок врз Врховниот суд да се прифати предлогот на поранешниот претседател Иванов за амнестирање на Груевски и неговата компанија. Се додека е ова раководство на ДУИ, тројката Ахмети-Османи-Груби нема да биде искоренет режимот на Груевски.“ – изјави, меѓу другото, претседателот на Демократското движење Изет Меџити за Ероњуз од Албанија.
Демократското движење на Изет Меџити ги зголеми своите активности на терен со граѓаните, секојдневно алармирајќи за за фаталните последици од владините политики, а особено за казината, поточно од законот за игрите на среќа.





