Меџити со остар напад кон ДУИ и Ахмети: Историјата на Албанците во Р*М не започна од тебе! – Учеството на Курти во изборите не е мешање во внатрешните работи!

„За разлика од Али Ахмети и ДУИ, лично и во име на партијата и движењето што ги водам, никогаш не сум сметал, не ја сметам и никогаш нема да ја сметам постапката на кој било премиер, или претседател на Албанија, или Косово, како ‘мешање’ во избори, или во прашања, кои се поврзуваат со Албанците од * Македонија.“ – истакна лидерот на опозициското Демократско движење Изет Меџити во објава на својот фејсбук-профил, во едно директно јавно обраќање до Али Ахмети и ДУИ. Меџити му се обраќа на Ахмети со „Абаз“, а не со неговото име и презиме, потсетувајќи на „воениот“ прекар „Абаз Џука“, кој го имал Ахмети како „врховен командант на УЧК“ во 2001 година.



Изет Меџити пишува: Ахмети и ДУИ деновиве се обидуваат да ги нападнат не само опозициските партии, туку и премиерот Албин Курти и самото Косово со ширење инсинуации, и измислици, кои го нарушуваат националниот углед воопшто и тоа особено на Косово. ДУИ измислува дека учеството на Ветевендосје на политичката сцена, или на  парламентарните избори во * Македонија божем создава изговор за слични постапки од Србија, или Бугарија. На 27 декември 2023 година изјавив дека „политичките партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Република Македонија“. Но, Ахмети и ДУИ упорно инсистираат ова да биде актуелно.

Ахмети и ДУИ обвинуваат за учеството на Ветевендосје во * Македонија, додека со години постои и дејствува Српската напредна партија во Македонија, која за себе вели дека е ‘основана според моделот на Српската народна партија од Србија, што има седиште во Србија и таму дејствува на чело со Александар Вучиќ, како и дека овие две партии споделуваат заеднички врски и основи на политичка ориентација“. Српската напредна партија во Македонија, како сестринска партија на Српската напредна Пaртија во Србија, е законски регистрирана во * Македонија во 2006 година, ја води Драгиша Милетиќ и имала пратеник во Собранието на * Македонија во мандатот од 2011 до 2014 година.

Како се случи Ахмети и ДУИ да ги обвинуваат и да ги оцрнуваат Ветевендосје и албанската опозиција за непостојни работи, а во исто време молчат за истата појава што се практикува веќе две децении, за српските партии во Србија и * Македонија? Зошто на Али Ахмети му пречи можноста за политичка активност на една албанска партија во * Македонија, но не му пречат дејствувањето и претставувањето во Парламентот на српските партии од Србија во * Македонија?

Во неконтролираната врева и изнесување гнев против институциите и претставниците на Косово Ахмети оди дотаму што ги извртува фактите. Во своето интервју за Топ чанел Ахмети изјави дека „Еди Рама никогаш не се мешал во изборите во * Македонија, а Албин Курти се вмеша.“. За разлика од Ахмети и ДУИ, лично и во име на партијата и движењето што ги водам, никогаш не сум сметал, не ја сметам и никогаш нема да ја сметам постапката на кој било премиер, или претседател на Албанија, или Косово, како „мешање“ во избори, или во прашања, кои се поврзуваат со Албанците од * Македонија.

Треба да го потсетиме Ахмети дека Министерството за надворешни работи на * Македонија во 2017 година ги обвини Албанија, премиерот Еди Рама и министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати за „мешање во внатрешните работи на * Македонија“. Во политиката, особено во предизборните периоди, се толерираат сите трикови, сите средства и методи за унапредување на партиските интереси. Но, за разлика од  Ахмети и ДУИ, ние не сметаме дека тука спаѓаат злонамерната, подмолна, презирна, саботирачка реторика кон Косово, ниту обидите да бидат сузбиени, потиснати чувствата меѓу албанските главни градови во регионот.

Абаз,  со децении по ред никој од * Македонија не го сметал и не го смета Движењето за Косово како „странско тело што се меша во Македонија“, туку како дел од заедничките истории и страдања, кои ги имавме и ги имаме како Албанци. Историјата на Албанците во * Македонија, Абаз, не започна со тебе и нема да заврши со мене, Изет Меџити и со Движењето. Ние ќе бидеме само оние, кои од мај годинава ќе го преземеме предизвикот на времето, да им го предадеме натаму на генерациите што доаѓаат.