„Владата на Македонија денеска, на 28 ноември, доделила две нови концесии преку Лотаријата на Македонија. На албанските властодршци од Владата им пречи активирањето на премиерот на Косово Албин Курти во Македонија, а не им пречи посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Македонија.“ – кажа лидерот на Демократското движење Изет Меџити од собирот на албанската опозиција во Тетово, каде што се потпишува декларацијата на коалицијата наречена Европски сојуз за промени. Ова го објави ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија ја цитира изјавата на Изет Меџити во овој контекст: „Им пречи многу доаѓањето и активирањето на Ветевендосје на Албин Курти во Македонија, но не им пречи тоа што по војната во Украина Сергеј Лавров ќе стапне во Македонија, а негови домаќини ќе му бидат Бујар Османи и и нашите албански властодршци. Не знам како се случи овој овој достоинствен ден, свет за Албанците, да го прослават со Македонска лотарија, од каде што нејзиниот директор Прпарим Бајрами и Владата на Артан Груби им дадоа две концесии на српското подземје.“
Home Македонија Меџити: Со две концесии од Македонската лотарија за српското подземје директорот Прпарим...





