Пратеникот од редовите на ДУИ, потпретседател на партијата, но и предводник на “огнената” група, Изтет Меџити, во синоќешното гостување на ТВ21 упати сериозни критики кон раководството на ДУИ.
Според него, во партијата има целосна анархија, не се знае кој ги носи одлуките, не се консултира членството, не се дебатира во партијата за важни теми, се закажуваат тајни состаноци.
„Ова е сосема различно ДУИ од тоа што ние го познаваме. Одлуките ги носи Артан Груби сам, и „де факто“ тој е лидер на ДУИ, а не Али Ахмети“, рече Меџити.
Тој го коментираше соопштението на неговата партија која „жали за самоповлекувањето на „огнените“ од Централното претседателство, и жали што петтемина членови на претседателството на партијата одлучиле да се самоповлечат од Централното претседателство.
ДУИ функционира во целосна анархија, не се знае кој носи одлуки. Според него, тој е потпретседател на ДУИ и член на ДУИ, и така ќе биде и понатаму.
Меџити вели дека не се “самоисклучиле” и остануваат дел од ДУИ. Меџити вели дека доколку конгресот одлучи да ги разреши, тогаш е сосема поинаку, затоа што конгресот ги избрал, а не неколку ченови на ДУИ.






