Преку Беким Ќоку, кој е од Струга, а работи како советник на Курти и е член на Самоопределување, косовската партија веќе делува во Македонија, вели  претседателот на Деморатското движење, Изет Меџити за А1он.



Меџити во неделата објави дека Самоопределување ќе биде дел од коалицијата „Европски сојуз за промени“ кој го сочинуваат Беса, Алтернатира и Демократското движење како четврт коалиционен партнер.

„Тие веќе делуваат во Македонија, бример Беким Ќоку е советник на премиерот Курти, тој е стружанец. Движењето Самоопределување делува и сега. Ќоку бил пратеник и претходно од Алијансата за Албанците, а сега ќе биде во нашите листи. Тие немаат формирано политичка партија, човекот е државјанин на Македонија, ама е советник на Курти и е член на Самоопределување“, вели Меџити.

Законот за политички партии не дозволува партијата на косовскиот премиер  да делува во Македонија, бидејќи во членот 8 од Законот за политички партии е наведено: „Политички партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Република Македонија“.