„На ДУИ може да му се случи народ, па и протести против Груби во Мала Речица, доколку Ахмети продолжи да го игнорира народот. Следно ќе правиме онлајн петиција меѓу членството дали се за смена на ДУИ. Нова партија засега не е опција“, изјави потпретседателот на интегративците и еден од таканаречените „огнени“, Изет Меџити во синоќешното гостување на ТВ 24 Меџити.



„Нашата заложба е да ја вратиме ДУИ на правиот пат. Влезот на Алијанса за Албанците во Владата е само за инает и за да се замолчи „огнената“ група“ рече Меџити, нагласувајќи дека нема простор за компромис за останување на Артан Груби во Владата.

„Претседателот (Али Ахмети) да се врати, да не фаќа страна и да биде претседател како што беше изминатите години и да не не остави нас да се тепаме.

Кога има волја, има 100 начини за компромис“, вели Меџити.

Тој одби да одговори дали „огнените“ доколку бидат исклучени од ДУИ, ќе формираат нова партија.

Но потенцираше дека сите тие се долдгогодишни членови на Демократската унијаа за интеграција, дека се вградиле во таа партија и дека нема така лесно да се откажат

„Нова партија засега не правиме, но таа опција не се исклучува доколку ДУИ не исклучи, рече Меџити кој е актуелен потпретседателот на ДУИ.

Според него, нема место за компромис со останување на Артан Груби во Владата.

„ Ако некој не праша, тој треба да се исклучи целосно и од ДУИ. Ваква штета во ДУИ нема направено никој за 20 години“ – рече Меџити.

Тој тврди дека „огнените“ не се против Ахмети туку против неговата одлука Груби да биде прв вицепремиер.

Порача дека тој и огнените во Собрание би гласале за паѓање на Владата.