Поранешниот градоначелник на Чаир и носител на листата на ДУИ во 1ИЕ, Изет Меџити, во дебата на Телма вечерва најави дека ДУИ во иднина ќе покрене иницијатива во парламент да се избира претседателот на државата.



Тој рече дека со сегашниот начин на избирање на шеф на државата, Албанец не може да биде избран.

„Претседателот на парламентот, па и премиерот, се избираат со поддрчка од 61 пратеник, а тоа дава можност Албанец да биде избран на една од овие две функции по пат на политички договор.

„Здраво е за државата една од трите клучни позиции да ја води Албанец“, рече Меџити.