„Кога министер донесува одлука таа не се преиспитува, тоа е апсолвирано прашање, да не се повторувам“ изјави министерот за здравство Фатмир Меџити за разрешувањето на проф. д-р Сашко Јовев од директор на Клиниката за кардиохирургија.
„Утринското кафе го испивме заедно со професорот Јовев и тој ќе продолжи да работи на клиниката заедно со својот тим. Почитуваниот професор ја има мојата потполна поддршка да ги извршува своите задачи. Тој е мој добар другар и мој колега.
Ќе се залагам со ребалансот на буџетот националната програма за трансплантациа да добие многу повеќе средства“, рече министерот како што пренесе А1.он.
На прашањето дали ќе ја преиспита одлуката за разрешувањето на д-р Сашко Јовев од функцијата директор на државна кардиохирургија, Меџити дека рече „министерска одлука не се преиспитува“.







