Меџити: Останува опцијата интерпелација за Груби?

Шефот на пратеничката група на ДУИ и претседател на партискиот огранок во Чаир, Изет Меџити, не се откажува од интерпелацијата најавена против вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, објави Алсат-М.



Тој вели дека неговиот пристап кон Собранието ќе биде конструктивен и критичен и дека ќе продолжи да дели критики ако некој греши.

„Ќе продолжам во Собранието да ги поддржувам и да ги критикувам онаму каде што грешат. Опцијата за интерпелација против Груби останува“, ден откако лидеорот на ДУИ рече дека сите недоразбирања во партијата се надминати.