Ова е коментарот на Изет Меџити, за фотографија која ја објави и на која не се гледаат Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта.

„Со другарите разговараме, контактираме, но имаме разлики. Кога влеговме во оваа работа, влеговме навистина а не за да играме. Ги кажавме забелешките и нашите критики за тоа што беше интуиција и за тоа што видовме дека оваа извршна власт и го губи патот на ДУИ и дека го дефокусира ДУИ од целите и идеалите. За да бидеме искрени, ниту јас ниту пријателите не сме предвиделе дека ДУИ отишла толку далеку“, вели Изет Меџити за ТВ 21.
„Овие тројца пријатели се уште мислат дека можеме да функционираме како фракција во ДУИ, а јас и другите, Висар, тие кои беа вчера во Гостивар но и во другите градови мислиме дека цената е платена, има политички жртви кои ја исплатија цената и сметаме дека сите врати во ДУИ се затворени.
Според него треба да се создаде ново политичко движење кое ќе го артикулира и ќе биде гласот на Албанците на Македонија во опозицијата“, додава Изет Меџити.






