Лидерот на Демократско движење Изет Меџити смета дека ДУИ е веќе прочитана партија и дека еуфоријата во пресрет на изборите, меѓу другото и со славењето на Талат Џафери како премиер Албанец е вештачка…



„Немаме Албанец премиер, туку имаме само технички премиер чија задача е да спроведе избори“, рече Меџити.

Во синоќешното гостување на „Само висѝтина“ на Канал 5“ Меџити рече дека косовската Самоопределување ќе ја поддржи опозиција составена од партиите на етничките Албанци во земјава на изборите во мај, но партијата на Албин Курти нема да учествува на изборите.

Заспрашан дали тоа не значи странско мешање на изборите во земјава, Меџити со одговор:

„Јас сум роден во Македонија, но сум дел од албанскиот народ.

Албин Курти има голем рејтинг како лидер во регионот, се бори против корупцијата, се бори со криминалот, треба да имаме предвид дека има половина семејства што живеат во Косово, другата половина во Македонија, и затоа има претставници од Самоопределување.

Тие се одлучија да не прават партија но ќе ја поддржат албанската опозиција“.

Меџити најави дека здружената „албанска опозиција“ ќе номинира кандидат за претседател на државата, со цел албанските гласачи да имаат алтернатива при гласањето за иден шеф на државата.