Порталот на албански јазик Алмакос, повикувајќи се на свои извори од ДУИ, објави дека Изет Меџити упатил ултиматум до Ахмети, до 15 јуни да ги отстрани Османи и Груби од партијата и од владата.
Во спротивно групата предводена од потпретседателот Изет Меџити ќе номинира градоначалници во неколку битни општини за ДУИ на претстојните локални избори кои треба да се одржат во втората половина на октомври.
„Не е точно дека на Ахмети сум му поставил ултиматум. Не е вистина ни дека подготвуваме независни кандидати за градоначалници во Тетово, Сарај и во Чаир.
Имам редовна комуникација со претседателот Али Ахмети, без посредници“, изјави Меџити за Плусинфо.







