Меџити не се согласува, но ќе гласа за новата влада

По вчерашната средба со лидерот на ДУИ околу несогласувањата на некои ограноци на ДУИ со предлогот министри од оваа партија, Изет Меџити, денеска порача дека ќе гласа за новиот состав на Владата.



„Мора да признаам дека имам забелешки за извршната власт. Но, по долгите дебати во партијата, последниот збор го има Али Ахмети“, рече Меџити.

Несогласувања околу имињата на некои старо-нови министри се појавија во ДУИ од ограноците од Сарај и Чаир.