Порака до Артан Груби и ДУИ „да не продаваат магла“, туку целосно да ги затворат казината по примерот на Косово и Албанија упати лидерот на Демократското Движење, Изет Меџити, во интервју за Алсат.



„Иако е влезен со двете нозе во бизнисот со казината на аргументиран начин, почнувајќи од директорот, управниот одбор и од многу други прашања, ние го предизвикуваме да го направи тоа што го направија Албанија и Косово и целосно да ги затвориме казината“ рече Меџити.

Тој, како што пренесува Фокус посочи дека во рок од три години бројот на казината и бројот на обложувалници се мултиплицираат како резултат на политиките на Владата.