Се повеќе расте поддршката од други челници кои го делат мислењето со мене, вели за Фокус пратеникот на ДУИ Изет Меџити, кој вчера беше еден од двајцата пратеници од парламентарното мнозинство што не гласаше за новата влада предводена од Димитар Ковачевски.
– Моите забелешки и ставови за актуелните кадровски решенија сум ги истакнал јавно и тие не се променети. Дебатата ќе продолжиме да ја водиме во новоформираните партиски органи, а таму имаме консензус да ги изложиме сите аргументи – изјавил Меџити, кој е поранешен градоначалник на Чаир и актуелен претседател на чаирскиот огранок на ДУИ.





