„Да бев на местото на Заев, јас би ги прифатил оставките.“ – изјави пратеникот на ДУИ Изет Меџити денес.“ – пренесоа ТВ 21 и весникот „Лајм“.
Двата медиума пишуваат: „Според Меџити, ‘во Собранието ќе се искажат мислењата за тие оставки’: „Во принцип е добро што се поднесени оставки од морален аспект. Ова покажува дека има демократски вредности и оти вака се случува во демократски држави.’ – дополни пратеникот Меџити при еден настан во основното училиште „Јашар Беј Скопје.“
„Во меѓувреме, во Собранието оставките и натаму не се депонирани, откако премиерот најави дека тие оставки ќе ги разгледа по епилогот од истрагите за причините за пожарот во тетовската ковид – болница, во која на 8 септември годинава загинаа 14 лица, а 12 беа повредени. Оставки како знак на морална одговорност поднесоа министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, како и двајцата директори на Клиничката болница во Тетово Флорин Бесими и Артан Етеми.“ – објавија ТВ 21 и „Лајм“.
Извор: https://lajmpress.org/mexhiti-po-te-isha-ne-vendin-e-zaevit-do-ti-pranoja-doreheqjet/





