Предводникот на таканаречените „огнени“, Изет Меџити, вели дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети „повеќе не е оној стариот…не ја менаџира ситуацијата…исплашен е и веќе не е комототен“,а дека партијата ја води Артан Груби.
На прашање во интервју за Макфакс дали има шанса Артан Груби да седне на лидерската позиција наместо Ахмети во ДУИ, Меџити вели дека „и досега Груби де факто е лидер во ДУИ“.
„Ахмети му има препуштено сѐ. И власт и кадровска политика, само формално лидер е Ахмети. Песните ги пушта Артан наместо Ахмети.
Жално е тоа што го прави, за мене – не е чудно оти класен другар ми е, го познавам добро. Наместо да се занимава со тоа што му е задача, се занимава со други работи. Во сите овие 3-4 години не видовме ништо, освен овие концертите што ги организира како да води уметничко естрадно друштво. Тој и добро кога прави, лошо звучи и лошо изгледа“, вели Меџити.
Според Меџити, коруптивните скандали во ДУИпокажуваат која е цврстата врска меѓу Ахмети и Груби и зошто Ахмети, како што вели, „по секоја цена, дури и по цена да се растури ДУИ, го држи Груби“.






