По синоќешното разрешување од Собранието на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу, тие реагираа дека на Фејсбук примиле заканувачки пораки од Артан Груби.
Тие апелираат Груби да престане со заканите и да не ја разгорува состојбата, а од друга страна бараат тој во календарот да го одбележи 8 мај.
„Артан Груби во состојба на силна вознемиреност ни се заканува на Фејсбук, откако ја разреши АА од Владата, ни вели „спијте мирно“ дека Али Ахмети ќе се грижи за се…
Артан…престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне и не ја разгорувај ситуацијата. Сфаќаме дека ти е крај, но барем покажи машкост на крајот!
И…отвори го календарот…види го 8 мај!
Блиску…многу многу блиску!
Промената започна“ му порачуваат Меџити и Алиу на нивниот довчереашен колега-министер Артан Груби, пренесува „Лајм“






