„Али Ахмети и ДУИ се во состојба се да дадат, само да преживеат.“ – кажа лидерот на опозициското Демократско движење Изет Меџити во одговор на прашањето околу последните шпекулации дека му е понудена позицијата технички премиер на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Според Меџити, оваа понуда не би била била изненадувачка со оглед на, како што вели, обидите за да биде вратен Груевски во Македонија. „Кога се Ахмети и ДУИ во состојба да соработуваат и надежта да ја видат во Груевски, не ме изненадуваат нималку овие политички акробации.“ – нагласи Меџити. Оваа информација ја објави ТВ 21.
ТВ 21 пишува: Тој упати повик до Таравари и Алијансата за Албанците да го чујат гласот на електоратот, кој е, според него, против ДУИ и за обединувањето на оваа партија со албанската опозиција. „Тие се дел од Владата, но гласачкото тело на Алијансата за Албанците е опозициски настроено, тоа е покренато со став против Владата. Последниот изговор беше дека Алијансата за Албанците влегла во Владата, за да се направат уставните измени. Но, уставни промени не се случуваат, туку во министерството за правда, со кое раководат, се случи промена на кривичниот закон благодарејќи на постапките на Груевски, Мијалков и други. Ова не е желба на бирачите на Алијансата за Албанците. Откако ќе го сфатат тоа, за нив ќе има место во албанската опозиција да се направи долгоочекуваната промена кај Албанците во Македонија.“ – укажа Изет Меџити.
Но, од Алијансата за Албанците досега едногласно потврдија дека на изборите ќе одат сами, а не во некоја првична коалиција. Ова е одлучено дури и во Централното претседателство на Алијансата за Албанците. Министерот Кренар Лога од редовите на оваа партија потврди дека е донесена ваква одлука.





