Косовскиот премиер Албин Курти, вчера бил домакин на средба во Приштина со опозиционите лидери од „Европскиот сојуз за промени“ како и со претседателот на „Алијансата за Албанците“, Арбен Таравари, дознава Тв21



На средбата на Курти со Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши и Билал Касами, се разговарало за можната соработка меѓу опозицијата и Алијанса за Албанците

Беким Ќоку од Движењето „Самоопределување“ веќе најави дека партијата на Курти ќе ја поддржи албанската опозиција во Македонија, каде што се очекува да има и личности од Движењето „Самоопределување“ на опозициската листа.

Во меѓувреме, Алијанса за Албанците се очекува на Централно собрание да донесе одлука дали на изборите ќе се натпреварува заедно со опозицијата, сама или во коалиција со Европскиот фронт.