Потпретседателот на ДУИ и шефот на изборниот штаб за поддршка на Стево Пендаровски на претседателските избори Изет Меџити, вели дека ДУИ го поддржала Пендаровски со 50.000 гласови
„Ова е првпат, албанска политичка партија да се одлучи во прв круг да оди со заеднички македонски кандидат. Знаевме дека тоа може да не чини намалување на рејтингот. Но, кога оваа влада апсолвираше некои битни работи, како името, Законот за јазици, претседател на Собранието, ние возвративме со поддршка за заеднички кандидат“, рече Меџити во гостувањето на 1Тв.
. Гласовите на ДУИ се придонес за Пендаровски да биде победник во првиот круг. Според анализите, околу 50.000 гласови се на контото на Пендаровски. Албанците не се навиканти во првиот круг да гласаат за кандидат Македонец. Во вториот круг работите се многу јасни и поддршката на Пендаровски од албанскиот електорат ќе биде поголема, рече Меџити.
Во првиот круг на претседателските избори, Пендаровски доби 323.846 гласови, Силјановска Давкова 319.240, а Река 79.915 гласови. Неважечки беа 32.828 гласачки ливчиња.




