Координаторот на пратеничката група на ДУИ Изет Меџити вели дека се знаат собраниоските комисии со кои ќе раководи ДУИ, но дека се уште нема договор околу Комисијата за европски прашања.
„ДУИ ќе раководи со три комисии и тоа знаеме дека согласно надлежноста претседателот на Собранието ја води Уставната комисија, ќе раководиме исто така со здравство и дилемата е дали ДУИ ќе раководи со Европски прашања или образование“, изјави Меџити., според ТВ.21.






