Ова го вели Изет Меџити, лидер на новоформираното Демократско движење, во врска со фотографијата што ја објави МВР од лицето што вееше знаме на Голема Албанија за време на престојот на Албин Курти во Косово, и за чие пронаоѓање, МВР побара помош и од граѓаните.



„Објавија фотографија од лицето коj носеше транспарент на собирот каде гo очекуваа господинот Курти во Чаир и Тетово, и по истиот сега се трага.

Се остава впечаток дека тие го решиле најтешкото злосторство досега, притоа игнорирајќи стотици фотографии на криминалци и фотографии од местата на злосторството каде што десетици луѓе умираат додека кријат докази и вештачење за да ги заштитат вистинските криминалци.

Касарните на Југославија ги претворивме во универзитети, но генералите се уште се живи“(!?), вели Меџити.

Во врска со кривично–правниот настан од 11.08.2023 на Градскиот плоштад во Тетово, се огласи МВР:

„МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“. Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР.

Воедно, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Тетово ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112, се наведува во известувањето од Министерството за внатрешни работи.