„Снимањето на Али Ахмет како пее и потоа објавувањето на истата снимка за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ… порача потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, откако Артан Груби вчера сподели објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од Али Ахмети како со цигара во раката, и видно расположен, пее албанска песна.



„Снимањето на Али Ахмети и зачувувањето на овие видеа за користење кога ви одговара е неточно и се чини дека тоа не се случува првпат.

ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и од неспособните!“, му порача напиша Меџити. на првиот потпретседател на владата Груби.

„Огнената група“, во која е и Меџити, веќе подолго време изразува незадоволство од состојбите во ДУИ и незадоволство од некои министри бидејќи Владата, во која половина министри се Албанци, реализирала само два одсто од изборните ветувања кон Албанците….