Меџити демантира дека пратеници од ДУИ ќе одат со новото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, во изјава за „Слободен печат“ демантира дека пратеници од неговата партија ќе му се приклучат на новото мнозинство во Собранието составено од ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица.



„ДУИ е стабилна партија и има доволно искуство за да се справи со вакви предизвици“, изјавил Меџити за „Слободен печат“, откако во јавноста излегоа информации за преминување на двајца или тројца пратеници од интегративците во новото мнозинство.