Меџити: Бујар Османи доби непостоечка партиска функција

Координатор за политички процеси во огранок не постои како партиска функција во ДУИ, реагира првиот човек на огранокот во Чаир, Изет Меџити, кој од медиумите дознал дека Ахмети го именувал Бујар Османи за оваа позиција. Ова за него е и нестатутарно и нелегитимно решение, затоа што не е поминато низ партиските органи, известува Телма.



Одлуката, вели, е уште почудна затоа што чаирчани Османи не можат да го сретнат ни кога не е на функција, а камоли сега кога е партиски портпарол, член на претседателството, министер и претседава со ОБСЕ.

-Поголем дел од времето е во авион, а не да се занимава со структурата на партијата во Чаир. Мислам дека ова е резултатот на големиот митинг наш и јасната порака на граѓаните и на гласачите од кои излегуваат критики и незадоволство за функционирање на министрите, вели пратеникот Меџити.

Меџити не побарал да се сретне со Ахмети, за да добие објаснување, го чека неговиот следен потег.

После ова, вели,може да се очекуваат и потези што никогаш не биле својствени за ДУИ, па дури и исклучување од партијата на тие што се отворено против актуелните министри од оваа партија.

-Во 20 години немало исклучување од партијата, но може да се случи и таа е тенденцијата да ние дојдеме во ситуација да не го препознаваме ДУИ, дециден е Меџити.

Целиот текст на следниот линк:

https://telma.com.mk/2023/03/06/medzhiti-za-shefot-na-diplomatijata-bujar-osmani-dobi-nepostoechka-partiska-funkcija/