Меџити: Али Ахмети на собир на „артанисти“ во понеделник во Чаир

ДУИ во понеделник ќе одржи митинг на кој ќе се обрати лидерот Али Ахмети.



Телма: „Тој што доаѓа“ е Али Ахмети н а митинг во Чаир

Собирот ќе се одржи во салата „Шабан Трстена“ со почеток во 19 часот, но забележливо ќе биде отсуството на припадниците на таканаречената „Огнена група“.

Изет Меџити, предводник на „огнените“, но и актуелен претседател на ДУИ за ТВ21 вели дека не добиле покана.

„Не сме поканети. Тоа е собир на Aртанисти. Ја тероризираа јавната и државната администрација, добиваат списоци со закани кој ќе учествува. Ќе се носат од сите градови, од секаде“, вели Меџити во писмената реакција за ТВ21.