Медведев: Запад се умори од Украина и се сврте кон поддршка на Израел

Западните земји се навистина уморни од Украина и затоа сега со ентузијазам ја насочуваат сета своја поддршка кон Израел во неговата тековна војна против Хамас, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, цитиран од ТАСС.



„Зарем не е подобро да се оживее мировниот процес на Блискиот Исток и да се обидеме да се усогласиме со Резолуцијата 242 (1976) на Советот за безбедност на ОН?

Или дури и да го следиме оригиналниот план за поделба на Палестина одобрен со Резолуцијата 181 на Генералното собрание на ОН (1947 година)? “, праша Медведев во објава на „Телеграм“, појаснувајќи дека неговите прашања се „се разбира, реторички“, пренесе news.bg

Двата документи се однесуваат на барање за решавање на блискоисточното прашање преку создавање на две држави во Палестина: еврејска и арапска.

„На крајот на краиштата, поделбата и ставањето во џеб на сите тие пари наменети за туѓа војна, која се води далеку од американските брегови, е многу поатрактивен предлог. Значи, „војната мора да продолжи“, резимира Медведев.