Медведев: Западните санкции се „бесмислени“ – имаат контра ефект

Проценките дека со ограничувањето на рускиот бизнис, Западот некако ќе влијае на Кремљ се „бесмислени, глупави и неразумни“, изјави поранешниот премиер, претседател и моментално заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, пренесуваат медиуми.



Според Медведев, слабата точка на рестриктивните мерки е токму нивниот спротивен ефект.

Неговите забелешки доаѓаат по невидениот досега собир на западните елити во Европа на паралелни самити, фокусирани на ситуацијата во источниот дел на Стариот континент и војната на Русија против Украина.

Руските бизнисмени се „без вина“ и никој од нив не е во состојба ниту за момент да ја смени позицијата на руското раководство:

„Дали некој од големите бизниси е способен да влијае на позицијата на раководството на земјата макар и минимално, ако воопшто може? Ви кажувам директно: не, не можат“, рече Медведев, објаснувајќи дека бизнисот и владата генерално имаат различни задачи.

Рече дека Западот преку своите санкции се обидува да ги сврти Русите против владата: „Всушност, со овие санкции западниот свет се обидува да влијае врз граѓаните на нашата земја, да им наштети.

За ова има објаснување – „Ми се чини дека луѓето кои ги носат овие одлуки апсолутно не го разбираат нашиот менталитет, не ги разбираат чувствата на рускиот човек во најширока смисла на зборот“.

Но, ова недоразбирање на руската душа е нормално, бидејќи тие (западните лидери) се целосно неспособни да разберат.

Тие не успеаја да го сторат тоа пред 70 години, пред 100 години и за време на сите видови вооружени кампањи против Русија вели Медведев.