Заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација и нејзин поранешен претседател и премиер,Дмитриј Медведев, смета дека Киев, со отфрлањето на Божиќното примирје предложено од Москва, ја отфрлил „раката на христијанската милост“.
Медведев истакна дека му е жал за луѓето кои ја изгубиле можноста да одат во црква на мир.
„Но, свињите немаат вера и немаат вродено чувство за благодарност. Тие ја разбираат само бруталната сила“, рече тој.
Според заменик-шефот на Советот за безбедност, токму на тоа се базира „обуката“ на Киев од Запад – и „ќе продолжи“.
Вќера прес-службата на Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин наредил прекин на огнот долж целата линија за контакт во Украина од 12:00 часот на 6 јануари до полноќ на 7 јануари.







