
„Се чини дека на Русија ѝ оставаат сè помалку избор, освен директен конфликт со Северноатлантската алијанса на терен, која се претвори во отворено фашистички блок слична на Хитлеровата оска, иако со поголеми размери. Ние сме спремни, иако резултатот ќе биде постигнат со далеку поголеми загуби за човештвото отколку во 1945 година“, напиша тој на Икс (Твитер).
Тој се осврна и на неодамнешниот скандал со славењето на украинскиот нацист и ветеран на СС Јарослав Хунка во канадскиот парламент, како и испораките на американските тенкови „абрамс“ на Украина и ветувањата за испораки на ракети со долг дострел.
На седница на парламентот на Канада во чест на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на 22 септември, меѓу другите, беше присутен 98-годишниот Хунка, кој претседавачот со овации го претстави како „борец за независност на Украина од Москва за време на Втората светска војна“.
Хунка бил всушност припадник на дивизијата доброволци Галиција на Вафен СС, во која биле украински националисти и не само што се борела против Црвената армија, туку е позната по злосторствата над Полјаците, Белорусите и Евреите.





