Медведев: Русија ќе побара целосна капитулација на Украина

Во услови кога властите во Киев велат дека успеале да вратат оигромна територија на истокот од земјата која досега беше под руска контрола, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен претседател и премиер на земјата, Дмитриј Медведев, се закани дека Русија ќе побарала „целосна капитулација на Украина“.



„Сегашната преговарачка позиција на Руската Федерација за Украина не е ништо повеќе од „детска игра“ пред идните барања „за целосна капитулација на режимот во Киев“ објави на Телеграм, Медведев цитиран од ТАСС.

Тој всушност одгов ори на зборовите на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој најави дека одбива да се вклучи во дијалог со земјите кои поставуваат ултиматуми.

Претходно Зеленски изјави дека во моментов не е подготвен да преговара со Москва. Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рече:

„Ова е мојот принцип, не разговарам со оние кои поставуваат ултиматуми“.

Зеленски потврдно одговори и на прашањето дали „ќе се бори до крај“ и додаде дека договор меѓу двете земји може да биде склучен откако Русија ќе ги напушти украинските територии, без да прецизира на што мисли.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Медведев стана еден од главните гласноговорници на руската позиција со најостри позиции.

Изјавата на Медведев доаѓа и по извештаите од теренот според кои украинската армија за само 24 часа успеала да ги истисне руските вооружени сили од повеќе од 20 населени места. Украинските војници го креваат своето знаме во областите на североисточниот регион Харков, кој беше окупиран од Русија.

.