САД и НАТО не ја научија лекцијата што им ја одржа Русија за Јужна Осетија и Абхазија, изјавил на новинарите им го коментираше заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев во врска со вчерашното признавање на сепаратистичките територии на Доњецк и Луганската народна република како независни држави од страна на Путин, пренесе Њуз бг.
„Во 2008 година, морав да донесам тешка одлука за признавање на независноста на Јужна Осетија и Абхазија. Користејќи воена сила и политичка волја, Русија помогна да се спасат животите на стотици илјади. Тоа им одржа лекција на НАТО и на САД како и на секој кој имал агресивни мареи кон руските граѓани… Но, НАТО не ја научи добро оваа лекција и продолжи цинично да се доближува на руските граници, проширувајќи го кругот на потенцијалните членки на алијансата“, рече тој.
Според Медведев, Киев е тој што го саботирал спроведувањето на договорите од Минск, целосно им ги одврзал рацете на националистите и радикалите, а моќта на Украина е слаба, на чело со актуелниот претседател, изјави поранешниот премиер и претседател.
Во 2008 година Абхазија и Јужна Осетија, кои беа дел од Грузија, беа признати како независни држави од Дмитриј Медведев, тогашниот претседател на Руската Федерација, како независни држави, по краткотрајната петдневна војна.







