Странските компании мора да разберат дека нема да биде лесно да се вратат на нашиот пазар, без разлика на причината за нивното заминување од Русија, предупредува заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација и поранешен претседател и премиер Дмитриј Медведев.
Тој вели дека Москва „успела да обезбеди безбедност на храната“ и „решила голем број прашања за замена на увозот“ кога „Западот повторно го фати паника“ и воведе санкции во 2014 година.
Во врска со банкротот и потенцијалната национализација на имотот на странските компании кои ја напуштаат земјата, Медведев истакна дека би било фер тоа да го направи руската влада.
Целта на владата е да ги задржи работниците на плата и да создаде нови производствени капацитети што „странските инвеститори ги напуштија во нивната паника“, нагласи тој.
Нафтениот гигант Шел објави дека престанува да купува руска нафта и гас.
Мекдоналдс, Старбакс и Кока-Кола исто така објавија дека го затвораат бизнисот во Русија.







