Преплавувањето на Украина со оружје ги зголемува шансите за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да се претвори во нуклеарна војна, предупреди заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
„Напорите на НАТО да ја преплави Украина со оружје, да ги обучи нејзините војници да користат западна опрема, да распоредат платеници и да спроведуваат вежби во близина на нашите граници ги зголемуваат шансите за директен и отворен конфликт меѓу Русија и НАТО наместо сегашната прокси војна“, напиша тој на Телеграм.
„Секогаш постои ризик таквиот конфликт да се претвори во целосна нуклеарна војна. Ова ќе биде катастрофално сценарио за сите нас“, предупреди Медведев.







