
Поранешниот руски претседател, еден од најблиските сојузници на Путин и заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев на Телеграм напиша дека се сомнева оти Украина и понатаму ќе постои за две години, пренесува ТАСС.
Тој се осврна на соопштението во кое се наведува дека Украина „се обидува да добие ЛНГ од своите странски спонзори и да го плати за две години“ инаку во спротивно „ќе замрзне“ следната зима. „Само прашањето е, кој вели дека Украина сè уште ќе постои за две години? – рече Медведев.
Тој вели дека „на Американците повеќе не им е грижа.
Тие инвестираа толку многу во својот „антируски“ проект што сè друго не им значи ништо“, рече Медведев.




