Русија може да ги анектира отцепените региони Јужна Осетија и Абхазија од Грузија, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен претседател Дмитриј Медведев, цитиран од Ројтерс.
Тој вели дека идејата за приклучување кон Русија е сè уште популарна во двата региони и можно е да се спроведе доколку има добри причини за тоа.
Грузија ја загуби контролата над Осетија и Јужна Абхазија по распадот на Советскиот Сојуз.
Москва ја призна нивната независност во 2008 година, откако обидот на Тбилиси да ја врати контролата врз Јужна Осетија со сила, доведе до руски контранапад.
Иако односите меѓу Русија и Грузија оттогаш се подобрија, Медведев го обвини Западот дека создава тензии околу земјата со тоа што разговараше за нејзиното можно членство во НАТО.
„Нема да чекаме ако нашите стравови станат реалност“, предупреди тој во написот по повод 15-годишнината од признавањето на независноста на двата региона, мислејќи на можна анексија.
Грузиските власти постојано изјавуваат дека се решени земјата да се приклучи на Алијансата, што ќе го зачува нејзиниот територијален интегритет.







