Медведев: Европа ќе плаќа 2.000 евра за кубен метар руски гас!

„Добредојдовте во новиот свет, каде што Европејците наскоро ќе плаќаат по 2.000 евра за кубен метар гас“!



Ова на германски на Твитер го напиша поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев.

Твитот е реакција на изјавата на канцеларот Олаф Шулц, кој објави дека Германија го прекинува заедничкиот проект со Русија за гасоводот Северен тек 2, откако Москва официјално ги призна двете сепаратистички републики во источна Украина како независни.

Медведев во моментов е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.