Приемот на Украина во Европската унија е можен дури кон средината на векот, а до тој момент и самиот сојуз би можел да исчезне, изјави заменикот-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
На својот налог на Телеграм тој напиша дека ситуацијата со приемот на Украина во ЕУ е слична со изградбата на комунизмот во некогашниот СССР – датумот на спроведувањето на плановите не е одреден, но многу непроверливи, апстрактни услови се.
„Нивната објективна проверка е невозможна. Тие ќе се проверуваат со децении и тоа ќе го работат новите генерации лидери на ЕУ, па поради тоа вистинскиот термин е во средината на векот, не порано“, изјави поранешниот претседател и премиер на Русија.
„Што ако, да чукнам во дрво, ЕУ дотогаш исчезне? Страшно е и да се помисли каков скандал ќе биде тоа, бидејќи какви сè жртви не се поднесени на олатор на влезот во ЕУ и каква измама на очекувањата на несреќниците“, додаде Медведев.






