Еден од медиумските “стожери” на СДСМ заедно со Саше Ивановски, Џабир Дерала и Бранко Тричковски, тврди дека Македонија има два избори во однос на бугарските барања – услови за преговори со ЕУ: “Змија да те апне или магаре да ти го бапне”.
Изреката се користи за ситуации во кои сите сценарија се лоши.
Според Сашо Ордановски ако Заев ја избере во случајот Бугарија, има лек за втората опција од познатата народна изрека.
Ордановски смета дека во таква наметната ситуација, нашата евро-атлантска интегративна стратегија би можела да се опише како избор помеѓу „змија да те апне или магаре да ти го бапне“.
“Таа стратегија – една од доминантните во историјата на политиката откога е светот и векот, а на Балканот и пред тоа – ја наметнува нуждата, а не правото на достоинствен избор. Сепак, во теоријата на игри, таа има свое оправдување”, пишува Ордановски.
Според Ордановски шансите да преживеете ако „змија ве апне“ се 50-50: можеби ќе останете жив, а можеби и не. Од друга страна анализира новинарот, „магаре ако ви го бапне“, шансите да останете жив се неспоредливо поголеми!
“Иако ќе ви треба подолго време да се справите со проблемот на исправено седење на рамни површини. Помагаат разни перничиња, гелови, масажи и тешења, за што во „колонијалниот“ резон на ЕУ има детални прирачници и штедри фондови”, пишува Ордановски во колумна на Цивилмедиа.мк.






