„Мамука Мамулашвили, командант на Легијата на странски доброволци во Украина, рече дека досега има само двајца Албанци, кои заминале во Украина да се борат против Русија. Во интервју за Еуроњуз Албанија Мамулашвили изјави дека го чекаат пристигнувањето на уште 30 други Албанци, за да се приклучат на војната во Украина. Тие се пријавиле преку контакти од социјалните мрежи да се приклучат во борбите.“ – пренесе информативниот портал на албански азик „Алмакос“.
„Алмакос“ пренесува: „Има двајца албански доброволци, кои се борат со нас. Дојдоа овде да им помогнат на Украинците, за да ја одбранат својата земја. Тие дојдоа откако започна конфликтот. Пријави има од Албанија, но се уште не стигнале. Има речиси 20-30 пријави.’ – кажа Мамулашвили. Командантот на Легијата на странски доброволци тврди дека ниту еден од волонтерите не е платен, туку оти ‘отишле таму за идеалот за демократија и за заштита на Украина од рускиот геноцид’.“
Инаку, „Еуро Њуз“ ја пренесува државната новинска агенција на Украина „Укринформ“, која вели дека „има повеќе од 16 илјади доброволци, кои ќе земат оружје, за да се борат против руската армија.“
„Доброволците доаѓаат од поранешните советски земји како што се Грузија и Белорусија, а стотици пријави пристигнаа и од САД, Канада, Данска, Шведска, Германија, Англија и Јапонија. Но, законот во многу европски земји, вклучително и Албанија, не дозволува нивните граѓани да се борат за странска држава.“ – пренесе „Еуро Њуз“.





