„Премиерот на Албанија Еди Рама потврди дека ја примил информацијата за смртта на еден Албанец, кој бил припадник на украинската војска, што дава отпор на руското напредување во Украина. Рама рече дека Албанецот живеел одредено време во Албанија. Медиумите во Албанија во текот на оваа петочна вечер јавија дека албанскиот државјанин Емануел Базањи, 24-годишник со потекло од градот Елбасан, бил убиен во борбите во Албанија вчера на 24.февруари 2022 година.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА во својата информација со наслов „Рама ја потврди смртта на албанскиот државјанин-припадник на албанската армија.“
Инаку, на 25.јануари годинава албанската ТВ ТОП Чанел токму со Емануел Базањи емитуваше интервју со наслов „Подготвени за војна со Русите“, во кое тој имаше изјавено: „Подготвени сме со помош на сојузниците да се соочиме со секој напад на Русите. Има многу Албанци во украинската армија.“ ТВ ТОП Чанел тогаш напиша и дека „Базањи по завршувањето на воената кариера во албанската армија и се приклучил на војската на Украина, во која бил платеник-регуларен дел на одделение за специјални операции, како елитен дел на украинската армија.“
Информативната агенција ИНА ја пренесе и изјавата на премиерот Еди Рама од неговата вонредна прес-конференција, на кој тој рече дека „рускиот напад врз Украина е предизвик за сета безбедносна архитектура на Европа. „Заедно со другите земји-членки на НАТО Албанија е подготвена да прими бегалци од Украина. За разлика од другите европски земји, кои имаат економска и трговска зависност од Русија, импликациите од војната во Украина се многу мали за Албанија. Албанија е дел од алијансата на државите, кои воведоа санкции кон Русија.“ – рече Рама на прес-конференцијата.





