„Првиот потпретседател на Владата Артан Груби преку објава на Фејсбук соопшти дека на денешната седница на Владата била одобрена измена на Уредбата за униформите и нивните симболи, со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како официјален јзикслужбен јазик. дури и во полициски униформи согласно законот.“ – извести весникот на албански јазик „Лајм“.
„Лајм“ ја пренесува објавата на Груби на фејсбук: „Денес беше исполнета уште една обврска!“
„Албански јазик и на полициските униформи!“
„На денешната седница на Владата ја одобривме измената на Уредбата за униформи и нивните симболи, со која се предвидува албанскиот да се користи како официјален јазик на униформите на полициските служби во согласност со законот.“
Информативната агенција на албански јазик ИНА ја пренесува изјавата и на заменикот-министер за внатрешни работи Назим Буши по владината одлука за официјализирање на употребата на албанскиот јазик и на полициските униформи:
„Исполнивме уште едно ветување, кое произлегува од Охридскиот договор и од Законот за употреба на албанскиот јазик. Униформите на полицијата ќе зборуваат и на албански јазик. Ова претставува и чекор кон зголемувањето на довербата меѓу полицијата и граѓанинот. Таа доверба ќе повлијае и врз создавањето на демократските институции.“
Home Македонија Медиуми: Владата одлучи денес: „Униформите на полицијата ќе зборуваат и на албански,...





